(Видео) Бритни во боди полуде на песна од Бијонсе

(Видео) Бритни во боди полуде на песна од Бијонсе

пред 1 година

Пејачката Бритни Спирс повторно ги почести своите фанови со едно од нејзините препознатливи видеа со танцување.

Бритни облечена во виолетово проѕирно боди и црни чизми игра на песната Daddy Lessons на Бијонсе.

Зад пејачката стои украсена елка. Бритни често објавува слични видеа во кои ја покажува својата кореографија. Фановите на пејачката на почетокот беа збунети, но сега изгледа се навикнаа на тоа.

Да потсетиме, летово Бритни се раздели од сопругот Сем Асгари по нешто помалку од една година брак. Таа неодамна откри дека нејзиниот менаџер Кејд Хадсон бил голем поддржувач на нејзиниот развод.

– Многу сум среќен што сум на толку убаво место и имам прекрасни пријатели. Но, јас го земам секој ден, учам да дишам. Самољубието е неверојатно важно. Се разбудив и само плачев затоа што почувствував благодарност што бев на толку убаво место – напиша пејачката со фотографија на која Кејд ја бакнува во образ.

Share
Scroll to Top