(Видео) Васил Гарванлиев во сукња го промовира новиот спот „Ритам“

(Видео) Васил Гарванлиев во сукња го промовира новиот спот „Ритам“

пред 1 година

Васил Гарванлиев ја објави најновата песна „Ритам“ и го најави новиот албум „Порцелански војник“: Ова е трета песна од албумот кој ќе биде издаден на англиски јазик.

dobivaj vesti na viber

Видеозаписот за песната е снимен во легендарниот Aragon Ballroom во Чикаго, кој е познат по концертите одржани на легендарни А листа на светски ѕвезди.

„„Ритам“ е апбит денс песна чија приказна повторно се поврзува со пораката од евровизиската песна Here I stand. Автор на песната е самиот Васил со продукција на Кастело,  додека видеозаписот е во соработка со познатата CircuitMom Productions, режија на Васил, а кореографија на Isaiah Silva-Chandley.

Васил повторно се појавува со смел стајлинг и кореографија која повикува на инклузивност и различности.

Васил веќе една година е преселен во Чикаго каде работи на завршните подготовки за новиот албум, а воедно и потпиша ексклузивен договор за соработка со Muze Music преку Believ за дигитална дистрибуција.

Share
Scroll to Top