(Видео) Вилијам Шекспир се вакцинираше против Ковид-19

(Видео) Вилијам Шекспир се вакцинираше против Ковид-19

пред 3 години

81-годишниот Вилијам Шекспир е првиот маж што прими вакцина против корона во Велика Британија. Тој е вториот човек што ја прими вакцината, откако пред него беше вакцинирана 90-годишната Маргарет.

Пациентот од Ворвикшир вакцината на „Фајзер“ ја прими утрово во Универзитетската болница Ковентри.

„Вториот пациент кој прими вакцина е, верувале или не, Вилијам Шекспир од Ворвикшир“, напиша репортер на „Би-би-си“ и објави фотографии од мажот како ја прима вакцината.

Велика Британија е првата земја која ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ против коронавирусот, а вакцинирањето започна денеска.

Share
Scroll to Top