(Видео) Владимир Путин им ја објасни на децата тајната за успешен лидер

(Видео) Владимир Путин им ја објасни на децата тајната за успешен лидер

пред 3 години

Претседателот на Русија, Владимир Путин преку видео линк, во финалето на рускиот натпревар „Време за промени“, им објасни на младите што е потребно за денес да станат лидери. Тој им објасни дека ако сакаат да бидат лидери потребно е прво да го откријат својот природен дар.

Шефот на Кремљ вели дека тој природен дар постои во секој од нас.

„За да станете лидер во бурниот и сложен 21. век, потребно е да се создадат најдобрите можности за самореализација на човекот, да се открие неговиот талент, природен дар, кој секој човек, вклучително и младите, го поседуваат“, изјавил Путин.

Share
Scroll to Top