(Видео) Влаховиќ првиот гол за Јувентус во ЛШ го даде за само 32 секунди

(Видео) Влаховиќ првиот гол за Јувентус во ЛШ го даде за само 32 секунди

пред 3 години

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, првиот гол за италијанскиот тим во Лига шампиони го даде за само 32 секунди. Јувентус поведе уште во првата минута против Виљареал во нокаут фазата од елитното натпреварување.

„Со постигнувањето на голот во ЛШ го остварив мојот сон, но не сум среќен затоа што сите сакавме да победиме“, рече Влаховиќ по натпреварот.

Влаховиќ влезе во историјата во Лигата на шампионите со тоа што постигна најбрз гол како дебитант во ова натпреварување. Рекордот за најбрз гол го држи екс-фудбалерот на Баерн Минхен, Рој Макај. Холанѓанецот против Реал Мадрид погоди во 10 секунда во сезоната 2006/2007.

За потсетување синоќешниот натпревар меѓу Виљареал и Јувентус кој беше прв во елиминационата фаза заврши со 1:1.

Share
Scroll to Top