На социјалните мрежи се појави видеото на кое извесни капачи се бањаат со шампон во Охридското езеро. Ова некогаш беше пракса во Охрид, па многумина се чудат како и во 21 век и луѓето не можат да променат некои од старите навики.
„Како детално ја пере ко вошки да има. Охридско езеро е непроценливо богатство кое треба да го чуваме сите, ама ете ќе дојде вака некој фамилијарно и сите ќе си се избањаат со шампон, дома да не трошат. Убаво е ова, за здравје, лековито е“, се пошегуваа некои од нив.
Некои напишаа дека истата слика ја виделе и кај шеталиштето, каде имало редица луѓе, а шампоните и сапуните им биле покрај патот. Оние постарите се шегуваат дека овие навики се од времето кога старите охриѓани вака се миеле во езерото, за да им била помека косата.