Од старечки дом на Тајван се извиниле што ангажирале егзотична танчерка да им танцува на клиентите, кои биле ветереани во инвалидски колички.
Домот на ветераните Taoiuan, е државен објект за пензионраниот воен персонал на Тајван. Од таму платиле стриптизета за прославата на фестивалот Jesenjeg, значаен празник во кинеската култура, кога луѓето се собираат за да ја прослават жетвата од оризот и пченицата.
Снимката од раскошниот настап објавен на социјалните мрежи брзо стана вирален. На видеото се гледаат танчерка во чипка која му игра во скут на еден од ветераните. Се чини дека на старецот не му смета, дури напротив. А се чини дека и останатите старци уживале во претставата.
Сепак домот се најде на удар на критика па мораше да се извини.
„Намерата беше да ги забавуваме старците и да ги направиме среќни. Многу ни е жал поради навредата која настана“, објасниле од домот.
Портпаролот на старечкиот дом додаде дека прославата минатите години била откажана поради пандемијата со ковидот. За да го подигнат расположението на станарите, тие договориле стриптизета.
Сепак признале дека постапката била премногу ентузијастична и жестока и дека во иднина ќе бидат внимателни кога планираат вакви слични настани.







