На сите ни се случило белата облека да ја промени бојата по перењето. Едно перење во машината со погрешна облека може да направи белата облека да стане сива или модра. Не очајувајте, доколку ви се случи било која бела облека по перењето во машина да ја промени облеката, постои едноставно решение.
Спасот се таблетите со ацетисална киселина, односно – аспиринот! Постапката е доста едноставна: две таблети од 500 милиграми апсирин растворете ги во леѓен во кој претходно сте сипале 7-8 литри топла вода, по што потопете ја облеката и оставете ја преку ноќ. Резултатите ќе бидат видливи веданаш.