(Видео) Гвен Стефани и Блејк Шелтон прославија годишнина брак

(Видео) Гвен Стефани и Блејк Шелтон прославија годишнина брак

пред 2 години

Познатата двојка Гвен Стефани и Блејк Шелтон ја прославија првата годишнина од бракот со видео објава од нивната свадба.

dobivaj vesti na viber

„Среќна годишнина до жената која го движи мојот свет. Гвен Стефани, ти ја направи оваа година најдобрата година во мојот живот. Те сакам. Ти благодарам што ми кажа ‘да’!“, напиша Блејк.

Гвен во коментар му одговори: „Човекот од моите соништа. Ти благодарам, Боже“.

Пејачката на социјалните мрежи објави емотивно видео со моменти од нивната венчавка со песната „Can’t Help Falling In Love“ од Елвис Присли.

Гвен и Блејк се запознаа во 2014 година, кога и двајцата учествуваа во американското музичко шоу „Voice“, а се венчаа на ранч во Оклахома.

Share
Scroll to Top