(Видео) Гробишта во Италија каде скришум се погребувале фетуси

(Видео) Гробишта во Италија каде скришум се погребувале фетуси

пред 3 години

Гробиштата „Прима Порта“ е место каде се погребани детски фетуси, по абортуси направени на жени кои не сакале да се породат, а на секој од крстовите е напишано името на жената која намерно ја прекинала бременоста.

До неодамна никој не знаел за постоењето на ова место, а жените кои абортирале, сега велат деак не дале никаква согласност фетусите да бидат погребани, ниту пак дозвола нивното име да стои на секој од крстовите.

Сега кога знаат за ова место, повеќе од 100 жени се собрале со цел да побараат од полицијата да ги пронајде одговорните зна ова дело. Велат дека планираат да покренат и тужба.

Во Италија, каде жените со децении се борат за своите права околу абортусот, откритието на гробиштата предизвика голем гнев во јавноста.

„Прима Порта“ не е единственото место со гробови, каде се погребани фетуси. Во Италија има голем број на вакви места, наречени „Полето на анѓели“.

Јавноста се сомнева дека овие гробишта ги направиле противниците на абортусите и ултраконзервативните организации. За противниците, ваквите гробни места го стигматизираат абортусот и нарушувањето на правата на жената, во време кога конзервативните групи во целиот свет се обидуваат да ги вратат законите со кои се забранува абортусот во голем број на земји.

Постоењето на гробиштата со фетуси, дојде во жижата на јавноста овој месец, кога Марта Лои, јавно поставила прашање на „Фејсбук“, што се случило со нејзиниот фетус. Кога дознала, таа својот револт и гнев го изразила јавно, поради фактот што на гробното место било напишано нејзиното име, без нејзина претходна согласност.

„Непознати лица го погребале моето дете со крст, христијански симбол, кој не ми припаѓа на мене“, напишала таа.

Силвана Агатоне, претседателката на Италијанската Организација на Лекари, кои извршуваат абортуси, за „Политико“, изјавила дека погребувањата на фетусите, претставува најголемото кршење на приватноста на луѓето.

„Многу жени не им кажуваат ниту на роднините дека абортирале. Ова е еден вид на казнување на жените, така што им се создава чувство на вина. Да имате гробница со вашето име значи дека сте само добри кога сте мртви“, изјавила Агатоне.

Според законот од 1990 година, жените можат да побараат фетусот да се погреба во рок од 24 часа. Доколку тоа не го направат, локалните здравствени установи, се обврзани да извршат транспорт и погреб.

 

 

Share
Scroll to Top