(Видео) Дебитантска песна и спот од Ангел Спасов, ново име на музичката сцена

(Видео) Дебитантска песна и спот од Ангел Спасов, ново име на музичката сцена

пред 4 години

Ангел Спасов е ново име на домашната музичка сцена. Средношколец кој доаѓа од Струмица и има нова песна „Ме изгуби ти“. Песната е на Роберт Билбилов и е  дебитантската песна која има модерен звук. Видеото е на Зоран Стојановски-Зонде. Во кадрите освен Ангел се појавува и Ема Стојановска, членка на модното студио Зоа модел.

dobivaj vesti na viber

„Велат кога нешто силно посакуваш се остварува, во моментов го живеам мојот сон. Имам песна каква што одамна посакував и пресреќен сум што со Роберт „кликнавме“ од прва и навистина ме погоди. „Ме изгуби ти“ е песна во стилот кој и приватно сакам да го слушам и нешто што на кое, нели без разлика на сѐ, знам дека ќе бидам горд затоа што е и отпеана и направена со многу љубов и на едно професионално ниво. Едвај ги чекам реакциите на публиката, затоа што навистина верувам во песната“, вели Ангел Спасов.

Билбилов, пак, кој е комплетен автор на „Ме изгуби ти“, вели дека му било предизвик да работи со Ангел, затоа што тој е типичен претставник на онаа млада генерација. “Ообено ми е драго што доаѓаат нови генерации кои ги следат трендовите и сакаат оној актуелен, светски звук да го пеат, би рекол, на македонски. Ангел е едно од оние нови имиња на домашната сцена, кои навистина верувам дека имаат и што да понудат, но и убава иднина“, вели Роберт.

Ангел има 17 години и е средношколец во средното медицинско училиште, а освен што своето образование планира да го продолжи во таа насока, сака и музиката да биде дел од неговото секојдневние, па веќе во тек се и подготовките за следниот проект.

Share
Scroll to Top