(Видео) Девојче преживеа пад од авион, татко ѝ загинал држејќи ја во прегратка

(Видео) Девојче преживеа пад од авион, татко ѝ загинал држејќи ја во прегратка

пред 3 години

Во Мичиген во САД се случи авионска несреќа во која загинале четири лица. Единствената преживеана била 11 годишната Лејни, чиј татко Мајк Пердју успеал да ја спаси држејќи ја црвсто во прегратка.

Нивниот семеен пријател и деловен партнер Рајан Војан рече дека неговата сопруга по несреќата сакала целиот свет да дознае каков човек е Мајк и дека го дал животот за неговата ќерка.

„Девојчето по несреќата не се сеќаваше на ништо, освен дека татко ѝ ја систнал мноу силно“, рече Војан за медиумите.

Мајк зад себе остави четири деца, а неговата ќерка и понатаму е во болница. Таа се здобила со неколку скршеници и била оперирана двапати. Лекарите велат дека таа е надвор од животна опасност. Покрај пилотот, во авионската несреќа настрадале и Кејт Лиз и Адам Кендал, кои ги носеле своите кучиња на ветеринар.

Од Федералната управа за воздухопловство (ФАА) соопштиле дека авионот BN2P Briton-Norman, се срушил во саботата околу 14:30 часот. Засега се истражуваат причините за несреќата.

Share
Scroll to Top