(Видео) Дедо Мраз, донеси го тато дома за Божиќ: Со рекламата на Кока-Кола започна празничната сезона

(Видео) Дедо Мраз, донеси го тато дома за Божиќ: Со рекламата на Кока-Кола започна празничната сезона

пред 3 години

Божиќното рекламирање на Кока-Кола оваа година ја следи мисијата на еден татко да го достави Божиќното писмо на неговата ќерка до Дедо Мраз.

Во рекламата со наслов „Писмото“ и која трае 2 минути гледаме како таткото се подготвува да замине од дома на работа. Тогаш неговата ќерка му подадава Божиќно писмо кое треба да стигне до Дедо Мраз. Заборавајќи да го прати писмото, таткото тргнува на пат до Северниот пол за биде сигурен дека Дедо Мраз ќе го добие писмото навреме.

„Драг Дедо Мраз, те молам, донесете го тато дома за Божиќ“. Пораките оваа година се едноставни, како што објаснува Кока-Кола.

„Овој Божиќ, дајте нешто што само вие можете да го дадете. Без разлика дали е лично, преку видео повик или само брза порака. Одвојувањето време за оние што ги сакате е тоа што го прави Божиќ навистина најспецијалното време од годината, без оглед како го правите тоа“.

Каде и да сте, се надеваме дека имате добар Божиќ, велат од Кока Кола.

„Нашата нова реклама ја одразува вистинската магија на Божиќ – нашата поголема благодарност кон најблиските, чувството за заедница и нашата потреба да бидеме присутни едни со други овој Божиќ“, вели Крис Робенс, директор за маркетинг во Кока-Кола, Велика Британија.

Празничните активности на Кока-Кола нема да ја вклучат нејзината стандардна турнеја со камиони во Велика Британија оваа година. Таа е откажана за прв пат досега, заради пандемијата на коронавирусот.

За многумина, божиќната турнеја со камионите на Кока-Кола, заедно со рекламата „Празници се ближат“, е знак дека официјално е започна празничната сезона.

Share
Scroll to Top