(Видео) Дедо стана хит на Тик-Ток откако на внукот му подарил таблет, па овој ги нашол неговите селфиња

(Видео) Дедо стана хит на Тик-Ток откако на внукот му подарил таблет, па овој ги нашол неговите селфиња

пред 2 години

Еден дедо стана хит на социјалните мрежи, откако неговите фотографии од таблетот завршија на ТикТок профилот на неговиот внук. Тиктокерот открил дека дедо Рон му го дал својот таблет затоа што повеќе не му требал. Кога го вклучил дома, нашол еден куп дедо фотографии на него.

Ова се главно лоши и нејасни селфиња.  „Ретка естетика. Фотографиите на Рон од галеријата. Кога дедо ти ќе ти го даде својот таблет затоа што веќе не го користи”, рекол младиот човек со видео на кое покажал многу смешни слики, од кои повеќето биле уништени од Прстот на Рон на камерата.

„Типот се сликал секоја секунда од својот живот“, „Не го бриши ова. Единственото нешто што ми остана од дедо ми се неговите фотографии“, „Рон, ти си легенда“, „Тој е премногу сладок“,напишаа корисниците на оваа социјална мрежа.

@eschultzyyrare aesthetic ✨ron’s camera roll✨

♬ Cheryl Porter Vocal Method Noom Warmup – Cheryl Porter | Vocal Coach

Share
Scroll to Top