Децата од „Дајте музика“, што ќе ја претставуваат Македонија на Јуниор Евросонг, денес ја имаа првата проба. Тие на големата сцена во Париз ја испеаја нивната песна „Грин форсес“.
Видеото за неполн час има преку 6000 прегледи на Јутјуб, а фановите не кријат дека песната им е меѓу омилените оваа година. „Ова е најдобрата македонска песна до сега“, „Македонија заслужува да е меѓу најдобрите три“, „Звучат одлично, како студиска снимка“, се дел од коментарите.
Песната е на Роберт Билбилов и Робин Зимбаков.
Јуниор Евросонг ќе се одржи во недела, на 19 декември.