(Видео) Дејвид Бекам потроши 250.000 фунти за 50-тиот роденден на сопругата: посебно изненадување за сите беше настапот на групата „Спајс грлс“ заедно со Викторија

(Видео) Дејвид Бекам потроши 250.000 фунти за 50-тиот роденден на сопругата: посебно изненадување за сите беше настапот на групата „Спајс грлс“ заедно со Викторија

пред 7 месеци

Модната дизајнерка Викторија Бекам на 20 април, го прослави својот 50-ти роденден.

По тој повод организираше гала прослава, а за специјалното изненадување, според пишувањата на странските медиуми, се погрижил нејзиниот сопруг – поранешниот фудбалер Дејвид Бекам.

Имено, тој не штедел пари за јубилејниот роденден на сопругата, а потрошил околу 250.000 фунти за да го ангажира омилениот готвач на Викторија и да го купи нејзиниот омилен шампањ, кој чини 3.000 фунти по шише, пишува „Дејли мејл“.

Посебно изненадување за сите беа членовите на некогаш многу популарната група „Спајс грлс“, од која беше дел и Викторија. Тие заедно ја изведоа својата песна „Стоп“, а имаа и кореографија. Дејвид го снимаше сето ова и не ја тргна насмевката од лицето.

Пред да започне прославата, Дејвид и Викторија позираа заедно со нивните четири деца, а Викторија во тогашната објава на Инстаграм напиша дека „едвај чека да започне прославата“.

Share
Scroll to Top