„Си-ен-ен“: Готово е, победи Џо Бајден, Доналд Трамп замина на голф

„Си-ен-ен“: Готово е, победи Џо Бајден, Доналд Трамп замина на голф

пред 3 години

Џо Бајден ја освои Пенсилванија и со тоа доби 20 електронски гласови, со што стана победник на американските избори, пренесува „Си-ен-ен“. Сега Бајден има 284 електронски гласови, а му беа потребни 270 за победа.

Како што пренесува „Асошиетед Прес“, на чии резултати се повикуваат мнозинството медиуми, Доналд Трамп е поразен и Џо Бајден ќе стане 46. претседател на САД. Бајден имал најмалку 30.000 гласови повеќе од Трамп во Пенсилванија.

„Америко, почестен сум што ме избравте да ја водам нашата прекрасна земја. Патот пред нас ќе биде тежок, но ви ветувам дека ќе бидам претседател на сите Американци, без разлика дали сте гласале за мене или не“, изјавил Бајден во соопштението по прогласувањето на резултатите во Пенсилванија.

„Сега кога кампањата е готово, време е гневот и острата реторика да ги оставиме зад себе и да се обединиме како нација. Време е Америка да се обедини. Ние сме САД и не постои ништо што не можеме да го направиме, ако тоа го правиме заедно“, е наведено во соопштението.

Многу мрежи исто така го прогласија Бајден за нов претседател. Камила Харис исто така ќе стане прва жена потпретседател и првата црна личност на таа позиција во историјата на Америка.

На „Си-ен-ен“ водителот Ван Џонс, дури и заплака. Инаку Трамп претходно отпатува во својот голф клуб во Стелинг, во Вирџинија, а претходно на „Твитер“ напиша дека убедливо ги добил изборите. Овој пост од „Твитер“ веднаш му го избришаа и го означија како неточна информација.

Share
Scroll to Top