Пејачот Димитар Андоновски, харфистката Сара Мејс и групата „Фонтана“, преработија една од најубавите македонски народни песни „Ако одам во Битола“. Песната која ја нарекуваат и „химната на Битола“ доби нова верзија.
Димитар, кој пее, вели дека се потрудил да направи нешто квалитетно со кое битолчани уште повеќе ќе се гордеат во иднина.
„Песната е во чест на легендарниот автор Петар Георгиев-Калица“, рече тој.
Сара овој пат не пее, туку само свири на харфа, а свират и момците од познатата битолска група „Фонтана“.