(Видео) Динамо Загреб го елиминираше Тотенхем на Мурињо од Лига Европа

(Видео) Динамо Загреб го елиминираше Тотенхем на Мурињо од Лига Европа

пред 5 години

Фудбалерите на Динамо од Загреб успеаа да изборат пласман во четвртфиналето во Лига Европа, откако беа подобри во двомечот против тимот на англискиот претставник Тотенхем.

Првиот натпревар во Лондон заврши со победа на тимот на Жозе Мурињо од 2:0. Но, во реваншот, фудбалерот на Динамо Загреб, Мислав Оршиќ успеа да ја надомести разликата. Третиот негов погодок во продолжението беше доволен за успех и понатамошен пласман.

За потсетување, победата на Динамо Загреб се случи само неколку дена откако тимот остана без својот стандарден тренер Зоран Мамиќ, кој беше осуден за перење пари и ќе мора да помине неколку години во затвор.

Место во четвртфиналето претходно обезбедија и тимовите на Арсенал, Гранада и Рома.

https://www.youtube.com/watch?v=bs_4U67wQzk


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top