(Видео) Докторката пак се врати на музиката : Симона има нова песна на англиски

пред 3 години

По пауза од една и пол година, поп-пејачката Симона Поповска има нова песна, Feel So Good. Музиката ја направија диџеј Ерик Фокс и Рената Кралевска, а Рената го напиша и текстот на англиски. За песната Симона објави лирикс-видео кое го изработи Зоран Зонде Стојановски.

„Feels So Good наскоро ќе се најде неколку светски музички платформи, како Spotify и АppStore. Наскоро ќе промовирам уште неколку песни, некои на македонски, а некои на англиски јазик“, вели Симона и најави дека се враќа на музичката сцена и на настапите во живо.

Поп-пејачката се повлече од сцената пред скоро две години, пред да стане мајка. Откако го роди синот Никола, се посвети на мајчинството и на работата како дерматолог. Таа претходно настапуваше со Ерик Фокс во клубовите низ Македонија под името „Саунд месинџерс“. Симона пееше и освои неколку награди на фестивалите во Македонија.

 

 

Share
Scroll to Top