(Видео) Доктор го сними последното нешто што го гледаат луѓето кои умираат од корона

(Видео) Доктор го сними последното нешто што го гледаат луѓето кои умираат од корона

пред 3 години

Доктор Кенет Реми од Мисури, објави видео во кое покажува како отприлика изгледаат последните моменти на пациентите кои умираат од коронавирусот.

„Ве молам послушајте. Не сакам да бидам последната личност која ќе ја гледам во вашите исплашени очи“, напишал Реми на снимката која ја објавил на „Твитер“.

„Вака изгледа кога дишете 40 пати во минута. Кога нивото на кислород ви е значително под 80. Вака тоа ќе изгледа. Се надевам дека последните моменти во животот нема да ви изгледаат вака. Затоа што ова што ова ќе биде тоа што ќе го видите на крајот од својот живот, ако не почнете да носите маски“, предупредил докторот.

Тој истакнал и за значењето на почитувањето на мерките и држењето на социјално растојание и често миење на рацете. За „Би-би-си“, изјавил дека снимката ја објавил за да ги предупреди луѓето да носат маски.

„Носењето маски не е ни приближно незгодно чувство, како она кога во вашиот душник некој ви турка дел од пластика“, заклучил тој.

Share
Scroll to Top