(Видео) Доставувач на храна застрела јутубер кој се обиде да се пошегува со него

(Видео) Доставувач на храна застрела јутубер кој се обиде да се пошегува со него

пред 1 година





Јутјуберот  Танер Кук (21) се обиде да се пошегува со доставувач во трговски центар во Вирџинија, САД и заврши трагично со куршум во градите на јутјуберот.

На видеото се гледа како тој му се приближил на Алан Коли. Му го доближил мобилниот телефон во лице. Доставувачот три пати му рекол на младиот јутјубер да престане пред конечно да извади пиштол и да го застрела, па куршумот го погодил 21-годишниот  во градите.

Доставувачот по апсењето добил кривична пријава за тежок напад. Меѓутоа, на суд Коли, кој легално го поседувал пиштолот со кој пукал во 21-годишниот, бил прогласен за невин по ова обвинение бидејќи тврдел дека тоа било во самоодбрана.

Според Дејли Мејл, доколку конечно биде осуден, се соочува со ризик од 10 години затвор.

Како што изјави пред судот, „Кук се обидува да ги збуни своите жртви за да ги сними нивните реакции на видео. Нему не му е грижа што неговите жртви чувствуваат страв“.

Кога јутјуберот го прашале зошто не ја прекинал шегата и покрај тоа што бил три пати прашан од доставувачот, тој одговорил дека незнел што чувствува тој и дека жртвата на неговата шега била исплашена или лута, па затоа имал таква реакција.

 






Share
Scroll to Top