(Видео) Ед Ширан го објави спотот што го сними во Украина неколку дена пред руската инвазија

(Видео) Ед Ширан го објави спотот што го сними во Украина неколку дена пред руската инвазија

пред 2 години

Британскиот пејач Ед Ширан, го промовираше спотот за новата песна 2step и откри дека видеото го снимил во Киев, главниот град на Украина, само неколку дена пред Русија да ја нападне земјата.

На почетокот на видеото, на екранот се појавува порака на Ширан, кој објаснува дека видеото е снимено пред руската инвазија.

„Тоа беше првпат да ја посетам Украина и се чувствував толку добредојдено. Тоа е горда и отпорна земја и благодарен сум што имав прилика таму да го снимам моето видео“, пишува пејачот.

Ширан вели и дека прави дополнителни напори за да ѝ помогне на земјата, па кажа дека целиот приход од Јутјуб стримовите ќе ги донира во Украина.

„Иако првпат бев таму, многу ми се допаднаа луѓето и местото. Немаше ни трага од ужасот кој ја стигна Украина неколку дена подоцна. Моето срце е со сите таму“, напиша Ширан на Инстаграм.

Видеото за 24 часа има преку два милиона прегледи.

Share
Scroll to Top