(Видео) Естонска компанија направи преносен уред кој убива 99 проценти од вирусите

(Видео) Естонска компанија направи преносен уред кој убива 99 проценти од вирусите

пред 4 години

Естонската технолошка компанија, Респиреј, лансираше преносен прочистувач на воздух, за кој тврди дека убива повеќе од 99% од вирусите и бактериите, користејќи ултравиолетова светлина.

Компанијата наведува дека уредот е развиен во соработка со универзитети во Естонија и Полска и дека е поддржан од естонското Министерство за образование, кое има намера да го дистрибуира до училиштата.

Индрек Рејманд, од Министерството за образование, рече дека на Респиреј гледа како на дополнителен елемент, во борбата против ковид-19, покрај вакцините, лековите и мерките за дистанцирање.

  

„Нема волшебно стапче против вирусот, но комбинација од повеќе фактори може да помогне во борбата против пандемијата“, рече Рејманд.

Компанијата Респиреј вели дека нивниот прочистувач на воздухот се заснова на познатите својства на дезинфекција, со УВ-светлина и термодинамиката на дишењето, каде најголемиот дел од вдишаниот воздух доаѓа од протокот на воздух, што се издига од површината на телото.

Уредот се состои од пластична кутија, што се носи околу вратот, а проѕирниот екран за лице овозможува тоа да остане целосно видливо. Се напојува со помош на батерија која трае околу осум часа.

 

Воздухот прво поминува низ вшмукувачки филтер, кој ја отстранува прашината и поголемите честички, а потоа тече низ УВ-Ц лед модул. Откако модулот ги убива вирусите и бактериите, воздухот пристигнува до лицето на корисникот.

Компанијата соопшти дека, на полскиот универзитет Лоџ, е докажано дека уредот убива 99% од бактериите, Ешерихија коли и Стафилококус ауреус, а истражувањето спроведено од Универзитетот Тарту, во Естонија, покажа дека уништува 99,4% од алфавирусите.

Лијан Виру, раководителка на Универзитетскиот оддел за биолошка сигурност, рече дека алфавирусите се слични по големина и структура на САРС-КоВ-2 што го предизвикува ковид-19.

 

Share
Scroll to Top