(ВИДЕО) „Живеј го животот, зашто нема реприза“ – Дац и Александар со Маријана и Росана ја претставија „Засекогаш млади“

(ВИДЕО) „Живеј го животот, зашто нема реприза“ – Дац и Александар со Маријана и Росана ја претставија „Засекогаш млади“

пред 7 часа

Дац и Александар ги здружија силите со Маријана и Росана во новата песна „Засекогаш млади“, која премиерно беше објавена на 5 август, заедно со официјален видеоспот.

Новата композиција носи ведар и позитивен дух, но и едноставна и силна порака за животот – да се искористи секој момент и да се ужива во него без оглед на годините.

„Живеј го животот, зашто нема реприза“ е пораката околу која е изградена песната, потсетувајќи дека младоста не е само прашање на години, туку и на духот, пријателството и желбата за живот.

Музиката за „Засекогаш млади“ е дело на Александар Митевски, кој заедно со Огнен Неделковски го потпишува и текстот на песната.

За аранжманот се погрижи Александар Митевски, додека финалниот мастер е изработен од Дарко Димитров, едно од најпознатите и најпрепознатливи имиња на македонската музичка сцена.

Посебен печат на песната ѝ дава заедничкиот настап на Дац и Александар со Маријана и Росана, чии препознатливи вокали внесуваат дополнителна енергија и емоција во композицијата. Придружните вокали ги изведува Билјана Ѓошева.

„Засекогаш млади“ е песна посветена на љубовта кон животот, пријателството и желбата да се зачува младешкиот дух без оглед на годините.

Комбинацијата од препознатливите вокали на изведувачите, позитивниот текст и современата музичка продукција веќе го привлекува вниманието на публиката, а „Засекогаш млади“ има потенцијал да се вброи меѓу домашните песни што ќе го одбележат ова лето.

Share
Scroll to Top