(Видео) Забава за сите матуранти во дворот на охридската гимназија 

(Видео) Забава за сите матуранти во дворот на охридската гимназија 

пред 3 години

На иницијатива на охридските диџеи Gec и Face, вчера во дворот на охридската гимназија се одржа забава во чест на сите матуранти што оваа година поради корона-пандемијата не ја прославија матурата онака како што тоа го прават нивните врсници секоја година.

„Настанот е за сите што не ја прославија матурата оваа година. Поради корона-пандемијата, матурантите од 2020 и 2021 година немаа можност да го направат тоа“, порачаа Dj Gec и Dj Face.

Забавата се одржа со поддршка на Општина Охрид, а присутните ги поздрави и градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески.

Извор и видео: „Охрид прес“

Share
Scroll to Top