(Видео) Загребската филхармонија среде проба ја славеше победата на Хрватска

(Видео) Загребската филхармонија среде проба ја славеше победата на Хрватска

пред 2 години

Загребската Филхамонија и хорот на Иван Горан Ковачиќ во концертната сала „Ватрослав Лисински“ ја прославија победата на Хрватска во полуфиналето на Светското првенство.

Тие подготвуваа хуманитарен концерт во Лисински, но се чекаше до крајот на играта. Кога стана јасно дека Хрватска продолжува понатаму, во салата настана лудило. Музичарите ракоплескаа, танцуваа и скандираа. Потоа сите заедно ја изведоа песната „Моја домовина“. Видеото е објавено на Фејсбук профилот на Лисински.

„Ова не може да биде подобра проба за концерт од овие спонтани емоции… Брилијантно“, „Ова е најсилната прослава на победата, спонтано и конечно испеана без пијани вокални акорди“, се само дел од коментарите.

Share
Scroll to Top