Уметникот Алкент Пожегу од Косово се најде во центарот на вниманието откако странските медиуми објавија дека направил портетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, користејќи семки. Тој веќе подолго време се занимава со правање мозаици и портрети од разни видови семиња, а поседува и два Гинисови рекорди за правење огромни мозаици со користење на различни зрна и семиња од растенија.
Портретот, кој се наоѓа во Ѓаковица, е голем 7,5 метри квадратни. А под него, тој напиша „Украина“ и го претстави украинското знаме. На овој начин Алкент сака да изрази поддршка за земјата, која беше нападната од својата соседна држава Русија.
„Порано не знаев за претседателот Зеленски, но сега верувам дека тој е претседателот кој нè инспирира сите нас, целиот свет. Тој е херој на својот народ кој успеа да ги обедини Европа и светот“, вели Алкент.
Тој претходно ѝ направи и портрет на поранешната канцеларка Ангела Меркел.