(Видео) Истата судбина Сузана и Атиџе ја отпеаја во првата заедничка песна

(Видео) Истата судбина Сузана и Атиџе ја отпеаја во првата заедничка песна

пред 3 години

Конечно емотивната балада на Сузана Турунџева и Атиџе Муратова е промовирана на Јутјуб. Песната носи наслов „Иста судбина“. Музиката и аранжманот се на Роберто Кентаур Поп Димитров, а текстот е на Огнен Неделковски.

„Моја Атиџе, душо медена, мислам дека цел живот јас те познавам, иста судбина ние делиме…“, се само дел од стиховите полни со емоции.

За посетување, Атиџе Муратова, хероината од „Медена земја“, неодамна прослави роденден. Тоа беше 57. роденден, кој таа првпат го прослави со торта во еден скопски локал. И сето ова ѝ го организира пејачката и водителка Сузана Турунџиева, која изминатиов период постојано се залага да ѝ помогне на Атиџе. Не ретко ќе ги видиме како заедно пеат, на фризер додека се разубавуваат, на шопинг, а неодамна заедно се возеа и на санки на Попова Шапка. Сузана ни раскажа за тоа како почнала приказната со Атиџе и за нивното пријателство.

„Пријателството со Атиџе постои од денот кога јас и моите пријатели ја посетивме во Бекирлија. Тоа беше некаде на почетокот на септември минатата година. Всушност, за тој ден сонував од тогаш кога првпат го изгледав документарецот ‘Медена земја’. Емоцијата што тој ден ми се разбуди гледајќи ја неа, толку посебна и несекојдневна, а толку своја, ќе ја паметам додека сум жива. Откако го изгледав еднаш филмот, ги одложив сите обврски и го вратив уште 2-3 пати од почеток анализирајќи ги секој детаљ, сцена, секој збор и поглед на Атиџе. Ја исплакав тивко во себе, си ја сместив во срцето и си ветив дека ако еден ден имам можност да ја сретнам, ќе направам сè за да ѝ го разубавам животот“, раскажа Турунџева за „Репортер“.

А. Георгиев

Share
Scroll to Top