(Видео) Калиопи: Констракта покажа дека Србија е будна

(Видео) Калиопи: Констракта покажа дека Србија е будна

пред 3 години

Поп-ѕвездата Калиопи гостуваше во утринската емисија на српската телевизија „Нова“. Преку видео линк од Скопје, таа зборуваше за тоа како станала хит на Тик-ток, за балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ за која ја направи музиката, но и за Евросонг. Водителот ја потсети на нејзиниот настап во Баку пред десет години и песната „Црно и бело“, која и денес е вистински хит во регионот.

„Тоа беше едно прекрасно време во Баку. Потоа и во 2016 година пак пеев на Евровизија, ама таа веќе беше многу исполитизирана“, рече Калиопи во интервјуто.

Пејачката кажа и што мисли за годинашните претставници на Евросонг од регионот.

„Сакам да им посакам среќа на сите учесници од регионот и да уживаат во своите три минути на сцената. Со изборот на Констракта, Србија покажа дека е будна. Таа е музичар кој е надвор од евровизиските рамки, ќе привлече големо внимание“, кажа Калиопи.

Share
Scroll to Top