(Видео) Камион три дена висел над провалија, возачот едвај успеал да се спаси

(Видео) Камион три дена висел над провалија, возачот едвај успеал да се спаси

пред 3 години

Возачот на камион во Кина едвај успеал да се спаси, откако камионот се излизгал и ја пробил заштитната ограда, па останал да виси над провалија. Сцените од местото на несреќата се засташувачки, кабината и предниот дел на приколката висат од карпата, а возачот едвај успеал да излезе од кабината и да побегне на безбедно.

Возачот вели дека ги следел упатствата на навигацискиот уред и на тој начин дошол до тесниот планински дел од патот. Камионот бил премногу широк за да помине, но возачот сепак продолжил понатаму. Кога сфатил дека нема да може да помине, се обидел да се врати возејќи наназад. Во еден момент за малку ќе паднал во провалијата длабока стотина метри. Тргнал повторно напред, кога се излизгал и камионот останал да виси над провалијата.

Акцијата за извлекување на камионот траела три дена, а во неа биле вклучени дури три шлепери. Бидејќи немало друга алтернатива, на крај решиле да го преполоват возилото, за да може на парчиња да се извлече од опасниот пат.

Мотоциклист кој возел зад камионот, бил сведок на инцидентот.

„Овој пат има ограничувања и не може да помине возило кое е повисоко од два метри. Цел ден паѓаше снег, камионот продолжи да вози и излета од патот. Се обиде да се извлече, но за малку ќе паднеше од планината и сега сообраќајот е целосно блокиран“, рекол очевидецот за кинеските медиуми.

Share
Scroll to Top