(Видео) Ким Џонг ун е жив, немал шлог и не е сменет во пуч, тврдат изввестувачките служби во Јужна Кореја

(Видео) Ким Џонг ун е жив, немал шлог и не е сменет во пуч, тврдат изввестувачките служби во Јужна Кореја

пред 3 години

Главната известувачка агенција во Јужна Кореја соопшти дека лидерот на земјата Ким Џонг ун е жив и дека тој функцијата си ја извршува нормално.

Тие ги негираа гласините дека тој се онесвестил, дека имал шлог и дека морал да биде тргнат од функцијата поради здравствени проблеми.

Претходно се раширија гласини дека Ким неодамна доживеал мозочно крварење и дека во пучот кој го предводел неговиот роднина Ким Пионг ил, тој е сменет од власта.

„Можеме да потврдиме дека сите информации за здравјето на Ким се шпекулации“, навеле во соопштението од Јужнокорејската Национална известувачка служба, пренесува „Јохнап“.

Според известувачите, Ким на 29. јуни, за време на целиот ден, претседавал на состанокот со Политбирото и нормално ги извршуваш сите државни работи.

Здравствената состојба на Ким, кој е познат по неговите лоши животни навики и прекумерната тежина, често го привлекува вниманието на јавоста. Тој често знае да ја изненади јавноста и да се повлече, по што се создава хаос дека тајно развива нуклеарно оружје.

Тој само ги поттикнал шпекулациите за неговата здравствена состојба, откако неодамна објави фотографии на кои се гледа дека драстично е ослабен. Неколку неделното отсуство по неговата операција на срцето само ги поттикна шпекулациите дека тој e тешко заболел.

Последен пат Ким е виден на заседението на Политбирото на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја, на 29 јуни, кога зборуваше за сериозниот инцидент во здравствениот сектор.

Share
Scroll to Top