(Видео) Кина собори рекорд спуштајќи подморница 11.000 метри под морето

(Видео) Кина собори рекорд спуштајќи подморница 11.000 метри под морето

пред 3 години

Кинезите успеаа да соборат нов рекорд, откако спуштија подморница на 10.909 метри под морето. Оваа подмонира го изведе досега најдлабокот нуркање во светот. Таа има способност да пренесе максимум тројца патнци, пред сè поради научните истражувања.

За само помалку од еден ден, подморниот чамец, успешно ја завршил својата задача. На излегување, бил дочекан со аплауз од страна на кинеските научници. Тие велат деа овој брод е опременет со револуционерна технологија.

Низ водата тој се движи на електричен погон и може да работи со полн интезитет околу 10 часа под водата. За да подморницата го издржи овој притисок, нејзините кабини се составени од цврст материјал, титаниум.

Со своите флексибилни роботски раце, подморницата може да истовари опрема на помошен брод и да собира примероци од длабочините во морето.

Share
Scroll to Top