Почина радиоводителот Раш Лимбо - Reporter.mk

Почина радиоводителот Раш Лимбо – Reporter.mk

пред 3 години

Познатиот американски водител Раш Лимбо, почина вчера на седумдесетгодишна возраст. Како што пренесуваат тамошните медиуми, Лимбо ја изгубил тешката битка со ракот на белите дробови. Тој починал во Палм Бич на Флорира.

Веста за неговата смрт ја објави неговата сопруга, во нејзината радиоемисија.

„Како што многумина од вас знаат, губењето на сакана личност е ужасно тешко, а уште повеќе кога таа или тој е поголем од животот“, изјавила таа.

Лимбо беше познат како конзервативна медиумска икона и крал на радиото. Според Си-ен-ен, неговата радиоемисија, „на многу начини, беше како ’голема експлозија‘ на конзервативниот медиумски универзум“ и помогнала да се популаризира политичкиот радиоформат.

Share
Scroll to Top