Кинеската сонда Тијанвен-1 ја испрати првата фотографија од Марс, соопшти Кинеската вселенска агенција, додека мисијата се подготвува да слета на планетата подоцна оваа година.
Вселенското летало, кое беше испратено во вселената во јули, истовремено со американската мисија, треба да влезе околу 10. февруари во орбитата на Марс.
Фотографијата, објавена од Кинеската национална вселенска управа (CNSA), ги покажува кратерот Скијапарели и Велс Маринерис, големи кањони кои се протегаат низ површината на Марс.
Фотографијата е направена од растојание од 2,2 милиони километри, според CNSA, и додаваат дека нивното летало сега е оддалечено 1,1 милиони километри од планетата.
This is the first photo of Mars by the Chinese probe, Tianwen-1! pic.twitter.com/gNhykjcTYP
— Linli Guo_CAST_CHINA (@guo_linli) February 5, 2021
Кина се надева дека ќе може да испрати ровер во Утопија, голем кратер на Марс, во мај.
Пекинг вложи милијарди долари во својата вселенска програма водена од владата, а тие први испратија човек во вселената во 2003. година. Нивната цел е да изградат вселенска станица во орбитата на Земјата до 2022. година.
Марс отсекогаш бил предизвик за астронаутите, особено затоа што повеќето мисии испратени од САД, Русија, Европа, Јапонија и Индија од 1969 година не успеале.
Кина испрати и два ровери на Месечината и едниот успешно слета на темната страна на нашиот природен сателит.