(Видео) Кинески документарец од 2017 открива како биле третирани лилјаците во Вухан

(Видео) Кинески документарец од 2017 открива како биле третирани лилјаците во Вухан

пред 4 години

Институот за вирологија во Вухан, е познат по своите истражувања на вирусот кај лилјаците и веќе долго време се наведува како можен извор за ширење на заразата.

Сепак кинеските власти ваквите тврдења ги отфрлаат како чисти шпекулации и истакнуваат дека во таа лабораторија има високо ниво на безбедност.

Сепак, еден документарен филм, кој во 2017 година бил прикажан на државната телевизија CCTV, покажува како лежерно некои поедини соработници во Институтот се однесуваат во работата со коронавирусите, пишува „Курир.рс“. повикувајќи се на „Дојче веле“.

На овој филм потсетил и „Тајван њуз“, во пресрет на пристигнувањето на експертите од СЗО. Во споменатиот филм прикажана е група на научници собрани околу Ши Џенгли, позната под надимакот „Bat Woman“, кои се во потрага по потеклото на САРС

Иако им било јасно дека лилјаците кои ги прегледувале, во себе можеби го носат смртоносниот вирус, поедини научници за време на истражувањето не носеле заштитна опрема во пештерата во Јунан.

Уловените лилјаци ги прегледувале со голи раце, а без заштита на рацете им е земам и нивниот измет, кој би можел да биде можен извор за заразата. Вирологот Чуи Џиу, дури изјавил дека лилјак го гризнал низ тенките гумени ракавици и тој го покажал и отеченото место.

Еден глас во позадина изнесува факти дека лилјаците можат да пренесат бројни вируси, меѓу кои и беснило, па затоа членовите на истражувачкиот тим, пред земањето на примероците, се вакцинираат против беснило.

Тој филм ненамерно покажува дека мерките на безбедност не се почитувале како што треба, не само во моментите на истражувањето во пештерата, каде лабораториските техничкари не носат вистинска заштитна облека или маска за лице, пишува „Дојче Веле“.

Како што изјавила Ши Џенгли, таа работа не е до толку опасна, како што сите мислат, затоа што многу мала била веројатноста од директна зараза на луѓето.

Таа тогаш појаснила дека нејзините соработници, кога знаат дека лилјаците на одредени места во себе носат вирус, кој би можел да премине на човекот, спроведуваат мерки на претпазливост, но во повеќето случаи, се носи само обична заштита.

Овој филм, отвора прашања на кои сигурно и тимот од СЗО би сакал да ги најаде одговорите, затоа што изненадува леженирот однос на кинеските научници кон безбедносните мерки.

Share
Scroll to Top