(Видео) Конгресмен бара од демократите да се истражи изборната измама

(Видео) Конгресмен бара од демократите да се истражи изборната измама

пред 3 години

Републиканскиот конгресмен од Охајо, Џим Џордан, јавно ги праша демократите, зошто се противат против каква било истрага која би ги расчистила сите недоумици кои се јавуваат околу претседателските избори.

Тој ги потсети гледачите на „Фокс њуз“, дека четири години ја туркале кампањата за руското мешање во изборите во 2016 година, но сега не сакаат да дозволат ни четири недели да го истражат интегритетот на овие избори.

Тие не сакаат да истражат и покрај сите оние изјави и загриженост на граѓаните.

Ја имавте оваа ситуација во Мичиген, каде 6000 гласови завршија на контото на Бајден, но всушност требало да отидат кај претседателот Трамп. Тоа мора да се истражи. Посакувам ваше отворање, судијо, затоа што поставивте толку многу прашања, зошто. Кога ќе ја спроведете истрагата, а вклучен сум во голем број на истраги во Конгресот. Секогаш го поставувате прашањето зошто, затоа што тоа доаѓа до мотивот“, изјавил Џордан.

„Зошто демократите немаат желба републиканците да го следат броењето?“, продолжил Џордан.

„Зошто се чини дека во време на изборната ноќ, тие победија во сите свинг (колебливи) држави, каде се случуваше непрекинато броење? Како во државите, кои направија повеќечасовна пауза во броењето, изгубија? Зошто тоа се случи? Зошто демократите не сакаат тоа да се расчисти и да се дознае? И искрено, во државата Пенсилванија, во која поминав пет дена по изборите, зошто во некои окрузи, било дозволено да се проверуваат своите гласачки ливчиња? Некои од гласачите во тие окрузи можеа да си ги проверат своите гласачки ливичиња, а во други не можеа. Зошто во некои окрузи, беше дозволено прано гласање, а во други не? И зошто во некои окрузи беа поставени привремени места за сателитско гласање, а во други не? Можете ли да замислите во кои окрузи тоа го дозволија, а кои не? Сите овие прашања се со зошто Зошто демократите не сакаат да знаат? Повторно поминаа четири години истражувајќи ја оваа лажна руска работа. Но, не можат да потрошат четири недели за да постигнат интегритет на американскиот изборен систем и да сватат што точно се случило? Поради тоа Американците сакаат ова да продолжи и сакаат да ја дознаат вистината“, коментирал Џордан.

Share
Scroll to Top