Македонскиот кошаркар Ервин Цого го насмеа судијата на турнирот што неделава се играше во Тајван. Откако судијата ја фрли паричката во воздух за да види која екипа ќе игра прва, Ервин му покажа дека требал раката да ја сврти на другата страна за неговиот тим да има предност.
„Од Чаир е дечково, па затоа финтите на му поминуваат“, се шегуваат на социјалните мрежи.
Видеото го објави и официјалната страница на Светската кошаркарска федерација со коментар: „Некогаш мора да ги направиш работите по свое“.
Цого кариерата ја почна во МЗТ Скопје во 2009 година, а последно играше за Охрид во сезоната 2017/18. Последниве години настапува на 3х3 турнирите, кои се сè попопуларни во светот, а од пред неколку години се и олимписки спорт.