Рожер Федерер и Рафаел Надал не успеаја да победат во последниот меч во кариерата на славниот Швајцарец (6:4, 6:7 и 9:11), но поразот од Џек Сок и Френсис Тиафо остана во сенка на она што се случуваше по крајот на мечот.
Свечената церемонија во О2 арена донесе многу емоции и солзи, па покрај Федерер и неговите најблиски, плачеа и Рафаел Надал, Диего Шварцман, Стефанос Циципас, па и Новак Ѓоковиќ.
Same ?#ThankYouRoger pic.twitter.com/tTlwAK0Mgr
— BBC Sport (@BBCSport) September 23, 2022
Федерер едвај го одржа говорот пред своите колеги, своето семејство и присутните навивачи. Покрај сопругата Мирка, четирите деца и неговите родители, убедливо најемотивен беше Рафаел Надал кој плачеше заедно со Федерер, што доволно говори дека нивното ривалство прерасна во вистинско пријателство.
All the Fedal feelings.#LaverCup pic.twitter.com/WKjhcADFoe
— Laver Cup (@LaverCup) September 24, 2022
Новак Ѓоковиќ се обидуваше да биде најприбран и ги тешеше своите најголеми ривали, но и тој не дрдржа па пушти некоја солза во завршницата, кога Федерер рече дека на крајот му дошло „премногу“ од толку емоции и љубов од трибините.
Швајцарецот заминува во пензија и ќе остане запаметен како еден од најдобрите и најуспешните тенисери на сите времиња, но истовремено како играч кој имал најубав стил на игра во историјата.
An emotional final farewell.#LaverCup | @rogerfederer pic.twitter.com/lSZb9KfvbN
— Laver Cup (@LaverCup) September 23, 2022