(Видео) Лара Иванова со нова песна: Првпат напишав дел од текстот, се надевам ќе биде летен хит

(Видео) Лара Иванова со нова песна: Првпат напишав дел од текстот, се надевам ќе биде летен хит

пред 2 години

Пејачката Лара Иванова го објави спотот за нејзината нова песна „Ремек дело“. Музиката и аранжманот се на Дарко Димитров, а текстот го напишаа Лара и Робин Зимбаков. Видеото е снимено во Скопје, режисер е Ѓорѓи Вацев. Освен пејачката во спотот се појавуваат и танчери од студиото „Брејк а лег“, Сара Тасевска, Нина Петрушевска и моделот Стефан Спирковски.

„Ова е песна во која првпат имам удел во создавањето на текстот и сценариото за видеото. Пријатно сум изненадена од коментарите и позитивните критики и од тоа како публиката ја прифати песната, бидејќи ова е нешто поразлично од она што досега им го претставив – брза, динамична, летна песна во аренби стил, која влегува во уво уште при првото слушање“, рече Лара за „Репортер“.

Таа додаде дека се надева дека песната ќе биде летен хит. Презадоволна е од целиот проект, но и благодарна на сите нејзини пријатели и соработници кои учествуваа во создавањето на „Ремек дело“.

Слични коментари има и на социјалните мрежи. „Лара има нов хит“, „Уште еднаш покажа дека е меѓу најдобрите кај нас“, се дел нив.

Видеото за еден ден има околу 30 илјади прегледи.

Лара претходно беше позната по баладите, па ги испеа „Кој е сега крив“, „Некогаш ќе помине“, „Осамена“… Таа настапи и на домашниот избор на Евросонг со песната Flower of Sorrow и заврши трета.

А.Ј.

Share
Scroll to Top