16-годишната Лара Иванова има нова песна со модерен ритам, „Некогаш ќе помине“. Музиката и аранжманот ги направи композиторот Иле Спасев, а текстот го напиша Робин Зимбaков. За песната Лара сними спот на неколку локации во Скопје. Спотот го режираше Горан Симјаноски, а во видеото пејачката носи креации на дизајнерката Ива Спасовска.
„Мислам дека ова е мојата најдобра песна досега. Не дека е моја, но мислам дека не сум слушнала нешто подобро во последно време. Моите најблиски пријатели ја слушнаа уште пред неколку дена и нивната реакција ме израдува многу, верувам дека така ќе реагира и публиката“, вели Лара.
Таа веќе сними неколку песни и видеа, а има настапувано и на музички фестивали кај нас. Нејзина најпозната песна е „Полудена по тебе“.