Лара, Ирина и Јован со песната „Животот е пред мене“ ќе настапат на овогодинешниот Јуниорски Еврсонг во Еверин,Ерменија кој ќе се одржи на 11 декември.
Вечерва официјално беше претставен и видео спотот за песната.
Лара Трпческа и Ирина Давидовска се избрани на аудиција што се одржа во Македонската радио-телевизија. Од МРТ велат дека пријавувањето за аудицијата траело од 14 до 21 јуни, а аудицијата е одржана на 23 јуни. Со двете Лара и Ирина работел тим од реномирани композитори и музичари.
Лара е ќерка на виртуозот на пијано Симон Трпчески.