Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена синоќа пееше во Битола. Таа одржа предпразничен концерт во еден од битолските локали, а публиката се забавуваше со нејзините омилени песни, „Југословенка“, „Хеј Шеки Шеки“, „Дуге ноге“ и многу други.
Пејачката го имаше последниот настап во Македонија во 2018 година во ВИП Арена. Таа одржа концерт во Скопје, по повод 35 години кариера, на кој направи вистинско шоу и промени четири стајлинзи, а во медиумите осамнаа наслови дека е Мадона за Балканци.
Пред тоа, најави концерт во Скопје во 2015 година, но истиот го откажа, поради протестите.