(Видео) Луна Џогани објави видео како му кажува на свршеникот дека е бремена

пред 4 години

Победничката на реалното шоу „Задруга“, Луна Џогани, и нејзиниот свршеник Марко Миљковиќ, ќе станат родители. Луна го сними моментот кога на Марко му кажа дека тестот за бременост е позитивен, а потоа видеото го објави на Јутјуб.

„Многу сум среќен и горд што ќе станеме родители. Долго го чекавме ова и се радуваме. Сигурен сум дека ќе бидеме прекрасни родители. Не ми е важен полот на бебето, битно да е живо и здраво“, рекол Марко за „Ало“.

Марко и Луна се свршија пред скоро два месеца, откако двајцата излегоа од „Задруга“, каде што се натпреваруваа минатите две сезони. Тие се запознаа во шоуто и таму почна нивната врска, која ја раскинуваа неколку пати.

Луна е ќерка на пејачите Анабела Атијас и Гаги Џогани, кои своевремено пееја заедно во групата „Фанки Џи“. И таа, како и нејзините родители, реши да пее и сними две песни, но потоа изјави дека се откажува од музичката кариера и влезе во реалното шоу каде што беа нејзнините родители и Марко.

Share
Scroll to Top