(Видео) „Луѓе, па јас за ништо не одлучувам“ - Лукашенко објави снимка од Светлана Тихановска во која признава дека работи за западните земји

(Видео) „Луѓе, па јас за ништо не одлучувам“ – Лукашенко објави снимка од Светлана Тихановска во која признава дека работи за западните земји

пред 3 години

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, објави снимен разговор меѓу опозиционерите, во кој нивниот предводник Светлана Тихановска, јасно им дава до знаење на нејзините поддржувачи дека таа не е личноста која одлучува за тоа што треба да работат.

Лукашенко соопшти дека специјалните служби го пресретнале разговорот на белорускиот опозиционер, кој во моментов се наоѓа надвор од Белорусија и сега јавно сакаат јавноста да го слушне, стои во објавата на телеграм каналот „Пул прва“.

„Неодамна пресретнавме конференција на опозицијата. Таа се одржала на затворена прес-конференција. Слушнете што зборува Светлана“, изјавил Лукашенко.

„Луѓе, па што барате од мене, вие знаете дека јас за ништо не одлучувам“, се слуша Светлана на снимката во разговорот со нејзините приврзаници.

Според Лукашенко, на западните земји им е потребна личност каква што е Тихановска и да ја држат на таквата позиција. Тој додал дека недалеку од градот Киев, формиран е центар за информации и психолошки операции“, чија работа е насочена против Белорусија.

„Во Украина, во регионот Киев, формиран е уште еден центар. Има еден кај Варшава и во Литванија од каде Светлана делува. Третиот е формиран кај Киев и претставува центар за информациони психолошки операции против Белорусија. Сега тоа е модерно. Телеграмните канали се гланиот погонски ремен. Во тие центри, воглавно работат американски експерти“, изјавил Лукашенко, а пренесе телевизијата ONT.

Претходно Лукашенко соопштил дека известувачките служби на Русија и Белорусија, откриле центри на американските специјални служби во Киев, во близина на Варшава и дека нивната работа е насочена против Минск.

Масовните протести на опозицијата почнаа во Белорусија на 9. август, по претседателските избори. Според податоците на Централната изборна комисија, на изборите победил актуелниот претседател Александар Лукашенко, со 80,1% од освоените гласови.

Опозицијата не ги призна резултатите на изборите и смета дека победила Светлана Тихановска.

Share
Scroll to Top