Поп-ѕвездата Мадона и нејзиниот син Дејвид Банда летаа со комерцијален лет од аеродромот Џеј Еф Кеј во Њујорк. На интернет се појави видео од моментот додека ја минуваа царинската контрола. Мадона и Дејвид ги соблекоа чевлите, јакните, ги пуштија личните работи низ скенер и отидоа кај цариниците да ги претресат.
Видеото предизвика позитивни реакции во јавноста, а фановите на пејачката коментираат дека Мадона не се однесува секогаш како ѕвезда.
„Нормално дека ќе има ист третман како обичните луѓе кога лета со комерцијален лет, а не со приватен. Ми се допаѓа ова“, стои во коментарите.
Мадона неодамна беше на Сицилија, каде што синот Роко го прослави 22 роденден, а таа направи журка за својот 64. роденден.