(Видео) Маж дошол пред Бакингемската палата оти видел луѓе се собираат, не знаел дека кралицата починала

(Видео) Маж дошол пред Бакингемската палата оти видел луѓе се собираат, не знаел дека кралицата починала

пред 2 години

Интересен момент среде репортажа на Би-би-си, кога новинарката интервјуирала случаен минувач кој бил на пат кон Бакингемската палата во 2 часот наутро по смртта на кралицата кој не знаел зошто сите се движат во тој правец, па тргнал и тој.

dobivaj vesti na viber

Во петокот рано наутро водителката на вестите била пред Бакингемската палата за да разговара со присутните кои спонтано се собирале околу резиденцијата на покојната кралица, веднаш по објавувањето на нејзината смрт.

Еден од присутните кои ги сретнала водителката всушност не знаел дека кралицата починала и покрај тоа што бил пред кралската резиденција.

„Само објасни ни зошто си тука, во Лондон сред ноќ“, Мадера го прашала  човекот.

„Всушност, дојдов дома по деловен настан, го вклучив телевизорот и те видов тебе – помислив почекај малку, нешто се случува овде. Па дојдов да го видам ова, да бидам дел од него. И на сознанието дека луѓето се тука…“, рекол тој.

Видеото се споделува на социјалните мрежи, а корисниците се убедени дека споменатиот човек немал поим што всушност се случило и дека кралицата починала.

.

Share
Scroll to Top