(Видео) Маж сред бел ден фрли вреќи полни со ѓубре во реката Морава

(Видео) Маж сред бел ден фрли вреќи полни со ѓубре во реката Морава

пред 1 година

На „Инстаграм“ е објавено видео од постар маж кој сред бел ден од мостот фрли вреќи полни со ѓубре во реката Морава. Вреќите ги донесе со количка, а потоа ги фрли преку оградата на мостот во Чачак.

„Сè се одвиваше на мостот што ги поврзува бреговите на реката кај Коњевиќ и Кулиновачко поле. Постар маж застана пред возачите кои поминуваа и ги фрли вреќите со ѓубре во реката. Бевме згрозени со сопругата“, рече Иван Миловановиќ кој беше сведок на случката.

Видеото го снимил еден од учесниците во сообраќајот од неговиот автомобил и го објави на страната на „Инстаграм“ rina_rs“. Истото предизвика лавина негативни коментари.

„Момци, разбудете се. Престанете да снимате и реагирајте. Прашајте што прави и веднаш слезете до реката и извадете го ѓубрето. Подигнете ја свеста за човештвото, системот нема ништо да промени сам од себе. Мора да се менуваме и да се грижиме за средината во која живееме“, биле некои од коментарите.

Други пак напишале дека некој требало да му укаже на постариот господин и да повикаат полиција.

 

Share
Scroll to Top