(Видео) Македонија во Европа и без Бојко Борисов: Се слави низ улиците на Скопје

(Видео) Македонија во Европа и без Бојко Борисов: Се слави низ улиците на Скопје

пред 3 години

Радости низ Скопје. Свират коли, се слави победата. Репрезентацијата на Македонија за првпат успеа да се пласира на Европско првенство. За жал, заради пандемијата, не може да има собири, но и вака е радост.

На социјалните мрежи осамнуваат слики, видеа. “Короната е умрено. Македонија во Европа и без Бојко Борисов“…

Со победата на Грузија од 1:0, вечерва на „Динамо арена“ во Тбилиси селекторот Игор Ангеловски и неговите фудбалери изборија пласман на Европското првенство 2021 година.

 

Share
Scroll to Top