(Видео) Македонија ќе настапи во второто полуфинале на Евросонг во Торино

(Видео) Македонија ќе настапи во второто полуфинале на Евросонг во Торино

пред 3 години

Организаторите на Евросонг вчера со жрепката одредија кои земји ќе настапат во првото, а кои земји ќе пеат во второто полуфинале на изборот што ќе се одржи во мај во Торино. Македонскиот претставник ќе пее во второто полуфинале, заедно со претставниците на Австралија, Грузија, Кипар, Србија, Финска, Азербејџан, Сан Марино, Израел, Малта, Црна Гора, Романија, Чешка, Полска, Белгија, Естонија и Ирска.

Во првото полуфинале ќе пеат Албанија, Латвија, Швајцарија, Словенија, Бугарија, Молдавија, Украина, Литванија, Холандија, Норвешка, Русија, Португалија, Данска, Ерменија, Австрија, Хрватска, Исланд и Грција.

Редоследот по кој ќе настапат земјите во двете полуфиналиња ќе се одреди на почетокот на мај.

За потсетување, на 28 јануари (петок) во емисијата „Стисни плеј“ ќе бидат претставени шест песни што беа избрани на конкурсот на МРТ. За настап на Евросонг во Торино ќе се натпреваруваат Лара Иванова, Виктор Апостоловски, Рис Флауер, Калина Велковска Кали, Јон Ајдини и Андреа Коевска. За победникот на домашниот избор ќе гласаат стручно жири и публика, по принципот 50-50. Онлајн гласањето ќе трае до 4 февруари, по што ќе биде објавен и победникот.

Лара Иванова и Виктор Апостоловски, најпознати имиња од шестте изведувачи што ќе се натпреваруваат за Евросонг

Share
Scroll to Top